Почитувани,


Согласно соопштението на Централниот Регистар на РСМ, Ве информираме дека од 27.1.2021 година, започна да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест.
Детални информации околу уписот, обврзани и изземени субјекти, рокови, начин на користење на системот, предуслови, процедура и слично можете да прочитате на веб локацијата на услугата https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/zapishi-vistinski-sopstvenik/upis-na-vistinski-sopstvenik-na-subjekt, каде се објавени често поставувани прашања и детални кориснички текстуални и видео упатства за секој чекор во постапката.
Доколку сакате да проследите интерактивна онлајн обука за правниот основ и демонстрација на апликативното решение, Ве молиме да се пријавите на следната e-mail адреса: marketing@crm.org.mk.
Центарот за помош и поддршка на корисници на Централниот регистар Ви стои на располагање за техничка помош на телефонот +389 2 3288 602 или на контакт адресата rvs@crm.org.mk  . 
Целото соопштение отворете го овде.