Почитувани,
Согласно Објавата на Народна Банка на РС Македонија бр. 02-22731/1 од 26. Јуни/2023 година, новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.07.2023 до 31.12.2023 година изнесува 6%.
Врз основа на Објавата :
- Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право,(односно помеѓу две правни лица зголемена за 10%) изнесува 16,00% и
- Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, (односно помеѓу правно и физичко лице зголемена за 8%) изнесува 14,00%.