Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија на Коронавирус Covid19

Фондот за здравствено осигурување презема низа мерки во интерес на безбедноста на граѓаните на целата државата, како и на здравствените работници за да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно.

Право на здравствена заштита за дијагностицирање и лекување од Коронавирус-COVID 19

Владата донесе Уредба со законска сила( Сл.весник 92/2020), со која се утврдува дека, до совладување на епидемијата на Коронавирусот, се овозможува да користат здравствена заштита- дијагностицирање и лекување од Коронавирус односно COVID -19:

  • Осигурените лица на Фондот на кои правата од задолжителното здравствено осигурување им се ускратени, поради тоа што обврзникот кој за нив го плаќа придонесот,
  • придонесот не го плаќа редовно, односно има долг за неплатен придонес;
  • Лицата кои не се здравствено осигурени по ниеден основ и Државјаните на соседните земји со кои Република Северна Македонија нема склучено или преземено Договор за социјално осигурување, а се затекнати на територијата на Република Северна Македонија.

Важи до: престанување на мерките за спречување на ширењето на зараза од Коронавирусот (COVID-19).

Ослободување од партиципација за дијагностицирање и лекување од Коронавирус-COVID 19

  • Владата донесе Уредба со законска сила (Сл.весник на РСМ бр. 140/2020) со која се утврди дека осигурените лица вклучувајќи ги и осигурениците кои имаат долг за неплатен придонес како и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ, се ослободуваат од плаќање на учество со лични средства (партиципација) во здравствените установи при користење на здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од Коронавирусот COVID – 19.
  • Средствата за ослободување од учеството на здравствената установа ги надоместува Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
  • Оваа Уредба стапи во сила со денот на објавувањето во Сл.Весник, односно од 29.05.2020 година.

Право на боледување:

  • За отворање на ново боледување, или за продолжување на боледувањето, пациентите треба да се јават на преглед кај матичниот лекар. Нема потреба да доаѓаат на лекарската комисија на Фондот ниту во подрачните служби на Фондот, матичниот лекар медицинската документација на е-маил ја доставува до Фондот.
  • По телефонско јавување на осигуреникот, избраниот лекар издава ПСР образец за привремена спреченост за работа за болести на респираторниот систем каде примарна дијагноза се јавува болест предизвикана од COVOD 19.
  • Матичниот лекар може да издаде боледување до 15 дена (наместо до 7 дена).
  • Кога матичниот лекар поради болест или изолација не е на работното место, здравствените услуги ги пружа лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена.
  • Продолжување на боледувањето по сите основи, Лекарската комисија на Фондот ќе го врши врз основа на приложената медицинска документација како и до сега, а по проценка доколку има потреба и врз основа на непосреден преглед на осигуреното лице. Лекарскиот преглед на осигуреникот заради продолжување на боледување на лекарската комисија ќе се врши со закажување на термин за преглед.
  • По истекот на 15 дена избраниот лекар издава ПСР образец, кој заедно со лабораториските резултати од извршеното дијагностицирање (PSR тест) на COVID 19, предметот електронски го доставува до лекарските комисии заради продолжување на боледувањето.
  • Лекарската комисија го продолжува боледувањето само врз основа на позитивен (PSR тест) на COVID 19, без да бара специјалистички извештај.
  • Привремената спреченост за работа на осигуреникот, избраниот лекар, односно Првостепената лекарска комисија може ретроактивно да утврди или продолжи, само за заболување предизвикано од COVID 19.

За било кои други прашања, осигурениците не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот, туку да се обратат по маил на info@fzo.org.mk

Важи до: престанување на мерките за спречување на ширењето на зараза од Коронавирусот (COVID-19).

Издавање на боледување на осигуреници кои се заболени од COVID – 19

За вработените лица кои се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), избраниот лекар ќе издаде ИСР образец само врз основа на позитивен PSR тест на од COVID – 19, а надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства и тоа:

1. На осигурениците заболени од COVID – 19, кои немаат симптоми, или се со лесна клиничка слика за кои не треба болничко лекување и се следат во домашни услови во изолација, избраниот лекар може да издаде боледување до 10 дена.

2. На осигурениците кои се заболени и имаат симптоми на COVID – 19, а се следат и лекуваат во домашни услови во изолација, избраниот лекар може да издаде боледување до 20 дена, по претходно мислење од Првостепената лекарска комисија, доколку истиот последователно 3 дена нема симптоми.

Боледувањето над 20 дена се продолжува додека не се исполни условот од 3 последователни дена без симптоми.

3. Потврдата дека осигурениот е оздравен (асимптоматски или симптоматски, соодветно според алгоритам) ќе ја дава (обележува во систем) епидемиолог од соодветниот Центар за јавно здравје, а врз основа на податоците кои секојдневно ги внесуваат матичните лекари за осигуреници кои се на домашно лекување.

Тоа значи дека процесот е автоматизиран, и се базира на евиденцијата на матичниот лекар, но дали осигуреникот ќе се смета за оздравен, одлучува епидемиологот.

При тоа епидемиолошката служба генерира сумиран извештај за дневно оздравени пациенти во ексел со податоци за истите, кој ги доставува до ДСЗИ за ослободување од Решение за изолација на позитивни лица, МВР за ослободување од домашна посета од страна на униформирано лице и до ФЗОРСМ заради остварување на право на

боледување на осигуреникот.

4. Вработените лица кои се во изолација заради спречување на зараза бидејќи биле во контакт со заболено лице но за истите не е потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), избраниот лекар не издава боледување. Осигуреникот е во изолација во домашни услови(карантин), согласно решението од ДСЗИ каде е наведен периодот на самоизолација.