Согласно  Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година е превиден надоместок за биоразградливите кеси за транспорт на стоки кој што од страна на трговците треба да се прибира и уплаќа на квартална основа, за што е отворена посебна приходна сметка.  

За месец декември со кој започна примената на Законот, а кој е последниот месец од претходниот квартал, Извештајот за евиденцијата и уплатата на надоместоците треба да се достават до Министерството за животна средина и просторно планирање до 15 јануари 2022 година.

Евидентниот лист за продадени биоразградливи кеси кој исто така треба да се доставува квартално, а најдоцна до 15 наредниот месец, е пропишан согласно Правилникот за стандардите за био-разградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Службен весник на РС Македонија  265/ 2021г.)

Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци пратете ги по пошта или доставете ги лично до Архивата на МЖСПП на адреса:  

Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад

Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3

1000 Скопје 

Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари. Надоместокот кој трговецот треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање е без вредноста која останува по пресметката на ДДВ што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност.

ПОДАТОЦИ ЗА СМЕТКАТА:

Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока

Назив на примачот – Буџет на РСМ

Банка на примачот – Народна банка на РСМ

Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095

Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110

Приходна шифра и програма – 718159 26

ПРИЛОГ: word документ за евиденција на продадени кеси