Во Службен весник на РСМ бр. 140/2020 се објавија измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр.79/20 и 128/20).
Согласно најновите измени и дополнувања, Управата за јавни приходи нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за:
– даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата;
– даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и
– судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата.
Уредбата влезе во сила на 29 мај 2020 година.
