Во Службен весник на РСМ.299/21 се објави Правилникот со кој се пропиша формата, содржината и начинот на известувањето на Државниот инспекторат за труд, за започнување на работа во недела.
Известувањето се доставува на образец со А4 формат, кој се печати на хартија во бела боја, и е составен дел на овој правилник. Работодавачот пред започнувањето на работа во недела доставува известување до Државниот инспекторат за труд, во писмена форма или електронски.
