Се повикуваат сите заинтересирани постоечки Здруженија на граѓани и приватни установи за вон- семејна социјална заштита на стари лица (приватни старечки домови) кои имаат желба и мотив да станат или да ги прошират своите капацитети како даватели на социјални услуги во домот и заедницата, да се пријават во надлежните Центри за вработување за оваа мерка.
Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на Здруженијата на граѓани и приватните установи во создавање на одржлив бизнис модел на социјален сервис кој би вклучувал испорачување на социјални услуги во домот и во заедницата преку :
- Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни тримесечни обуки за негуватели и асистенти;
- Субвенција на плати за вработените негуватели и асистенти во бруто износ од 30780 денари во период од 10 месеци со обврска за задржување на работа од најмалку 13 месеци;
- Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување на социјалниот сервис;
- Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес во областа на социјалната заштита и развивање на бизнис моделот за испорачување на социјални услуги;
Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:
– Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
– Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија
Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и Здруженијата на граѓани и/или приватни установи ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.
Заинтересираните Здруженија на граѓани и приватни установи треба да пополнат:
- Пријава за учество во надлежниот Центар за вработување секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
- Пополнет Апликативен формулар и пропратни документи да ги достават во скенирана форма на е- маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org
- Пропратни документи кои треба да се достават покрај пријавата од Центрот за вработување и Апликативниот формулар се:
Аликативниот формулар за мерка 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во домот и во заедницата, може да се превземе од следниот ЛИНК
Детални информации за мерката може да се добијат на контакт телефоните: 071/329/534 или на е-маил адресите:viktorija.neshkovska@undp.org и rabotaimoznosti.mk@undp.org
