МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА  

Министерството за економија, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Северна Македонија (“Сл. весник на РСМ бр.12“ од 18.01.2021 год.),  објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за издавање на Потврда за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000,00 денари

Предмет на Jавниот повик  е  “Издавање на Потврда за користење на средства за организиран одмор во износ од  12.000,00 денари

  1. Согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Северна Македонија (“Сл. весник на РСМ бр.12“ од 18.01.2021 год.), Министерството за економија објави Jавен повик за издавање на Потврда за користење на средства за организиран одмор во износ од  12.000,00 денари.

– Основна цел на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на  туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

  •  Mинистерството за економија ќе издава Потврда во вкупна вредност од 12.000,00 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во Категоризираните угостителските објекти за сместување (Хотели) лоцирани во Туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.
  1.  Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени и нивните редовни месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари.

  Едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор.

  За учество по Јавниот повик работниците со ниски приходи – баратели до Министерството за економија треба да достават:

– Пополнет образец за барање (готов формулар);

– Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата;

– Извод од банка за последните три (3) месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија;

– За подносителот на барањето потребно е да се достави извод на матична книга на родените;

– За подносителот на барањето доколку аплицира со брачен пар треба да достави Извод на матична книга на венчани, доколку аплицира како разведено лице треба да достави  Пресуда за развод на брак издадена од надлежен суд, доколку аплицира сам во случај на смрт на брачниот пар треба да достави Извод на матична книга умрените;

– Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија  за членовите на потесното семејство над 18 години доколку не се вработени да се достави документ од АВРМ;

– Фотокопија од лична карта или патна исправа за подносителот на барањето и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот;

– Изјава дека барателот лично или со членовите на потесното семејство кои се наведени во барањето ќе го користат одморот (готов формулар);

– За деца под 18 години се доставува извод од матична книга на родени.

– Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (личните податоци и финансиските средства),   потпишана од подносителот на барањетo (заверена на нотар).

  1. Право за добивање на Потврда за одмор  имаат сите физички лица  кои се вработени и нивните редовни  месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари.
  • Образецот на барањето за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk.

– Барањата за добивање на Потврда ќе ги разгледува Комисијата формирана од страна на Министерот за економија.

– Комисијата по пристигнувањето на сите барања за организиран одмор доставени за времетраењето на Јавниот оглас, со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања и ќе изготви Листа за баратели кои имаат уредна и комплетна документација која заедно со извештајот ја доставува до Mинистерот за економија.

  • Работниците со ниски приходи-баратели кои не доставиле уредна и комплетна документација нема да бидат утврдени во Листата на баратели.
  • Листата на баратели кои доставиле уредна и комплетна документација се објавува на веб страната на Министерството за економија најдоцна седум дена од денот на утврдувањето на листата.
  • На работниците со ниски приходи-баратели кои се утврдени во Листата на баратели, Министерството за економија им издава Потврда за користење на средства за организиран одмор во износ  од 12.000,00 денари.
  • Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“.
  • Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.
  • Потврдата за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страната на Министерство за економија.
  • За секоја Потврда Министерството за економија ќе води евиденција кој ја користи и во кој угостителски објект за сместување ќе се искористи.
  • Надзорот над реализацијата на Проектот ќе го врши Комисија формирана од Министерот за економија.
  • Јавниот повик е објавен на веб страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk.
  • Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје до 30 Јуни 2021 година.
  За подетални информации да се обратите на : ·тел:(02) 3093 539; (02) 3093 543·факс: (02) 3093 540 емаил: vaucer@economy.gov.mk  

Прилог: