Се повикуваат невработените млади лица до 29 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование кои немаат работно искуство да аплицираат  во мерката 5. Практикантство Мерката 5. Практикантство обезбедува за период до 3 (три) месеци кај работодавачите стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

             За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката 5.Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно   (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход)  за периодот за кој се извршува практичната обука.

Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници

Правата и обврските помеѓу АВРСМ  и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. 

Лицата можат да аплицираат и електронски преку системот е-Работа (https://e-rabota.av.gov.mk)

 Јавниот повик ќе биде активен до 10.05.2024 година.

   Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА