Поради почитување на Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на Коронавирусот Covid-19 и грижата за нашите соработници, ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС ДОО Скопје ги известува сите учесници:

1. Пријавувањето за физичко присуство на семинарите мора да биде претходно евидентирано и најавено.

2. Секој учесник по поднесена пријава за физичко присуство ќе добие Изјава за епидемиолошка анкета.

3. Учесниците кои ќе се одлучат за on-line советување, ќе треба да приложат доказ за претходна уплата по e-mail, најдоцна до претходниот ден од денот на on-line советувањето.

Ги молиме сите учесници кои ќе бидат пријавени за физичко присуство да ги почитуваат мерките за спречување на ширење на Коронавирусот Covid-19 кои се пропишани од Владата на РС Македонија. Со почит,