Почитувани,

Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ 37/25 од 19.02.2025 година објавен е Закон за изменување и дополнување на законот за регистрирање на готовински плаќања.

Со измената на Законот  се менува износот над кој настапува обврската за регистрација на резервен фискален апарат. Со новото законско решение, даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 2.000.000 денари во претходната година, (наместо досегашните 1.000.000денари) е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема кој се користи во случај на оштетување и ремонт на главниот фискален систем на опрема.

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ од 19.02.2025 година.