Почитувани,
Ве информираме дека во (“Службен весник на РСМ” 57/2022 година), објавени се измените на:
- Законот за ДДВ како и
- Законот за акциза,
додека во (“Службен весник на РСМ” 58/2022 и 64/2022 година) објавени се:
- Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметката на акцизата,
- Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка и
- Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок.
Со одлуката, ДДВ во трговијата на големо и мало, за подолу наведените артикли изнесува “0%” (нула), со примена од 17.03.2022 година, со право на одбивка на претходен ДДВ:
За таа цел треба да се изврши подготовка на системот за регистрирање на готовинските плаќања (фискалните апарати), да се корегира продажната вредност за износот на ДДВ-то во трговските книги и сметководствената евиденција.
Во прилог Ви презентираме:
1. Измени на ЗДДВ-даночни поволности за одредени добра.pdf
2. Измена на Законот за акцизи.pdf