Почитувани,

                     Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на потошувачите се додава нов член 15-а ОБЈАВУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ , во кој се предвидува обврска за мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало, согласно со Националната класификација на дејностите, должен е на својата  web-страница да ја објави, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нуди за продажба.

 Ажурирањето на цените се врши на дневна основа. 

При објавување на цените се применуваат одредбите за означување на цените од Законот за заштита на потрошувачите.

                      Начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат согласно со новите законски одреби го пропишува министерот за економија и труд, за што ќе се донесе подзаконски акт во рок од 10 дена од денот на влегувањето во сила на законот.

                       Трговците се должни во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон. Законот влегува во сила со денот на објавувањето во („Службен весник на Република Северна Македонија“), од 04.03.2025 година.