Почитувани,

Во “Службен весник на РСМакедонија” 150/2022, објавена е измената на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, кој влегува во сила од 09 Јули 2022 година, со кои се уредува работното време за кои е дозволено работа во ден недела и на празници во трговијата на мало.

Согласно измените на Законот за трговија, се овозможува да работат во недела продавници, киосци и штандови во туристички места, утврдени со Законот за туристичка дејност.

За тоа кои места во РС Македонија преставуваат туристички места, дадено е во Известувањето од министерство за Економија, кое ви го даваме во прилог.

Допрецизирани се одредбите со кои се уредува работното време за кои е дозволено работа во ден недела и на празници во трговијата на мало.

Се дава можност на продавниците во туристичките места, на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки, како и на цветните пазари, да работат во ден недела и на празници, утврдени со член 2 од Закон за празници (“Службен весник на РМ” 21/98 и 18/07).

Прецизирани се празниците за кои Законот пропишува забрана за работа, а тоа се празниците за сите граѓани на РС Македонија (на верските празници е дозволено да се работи).

Допрецизирани се трговците на мало кои може да работат во недела и празници, како исклучок од забраната, како и променето е утврденото работно време во недела и на празници во однос на претходното решение, па така може да работат следните трговци во трговијата на мало:

  • Во продавници, киосци и штандови во туристички места утврдени со Законот за туристичка дејност и тоа во пе­ри­од од 08:00 до 22:00 часот,
  • На бензинските станици и во продавниците на бензи-нските станици во чии рамки се врши трговија на мало и тоа од 00:00 до 24:00 часот;
  • Во трговски центри (молови), кои ги исполнуваат минимално техничките услови, согласно закон и тоа од 10:00 до 20:00 часпот;
  • Во слободните царински продавници и тоа од 00:00 до 24:00 часот;
  • На  штандови и  киосци каде што се продава добра за време на спортски настани,  фестивали  и  манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела и тоа во периодот од 8 ЧАСА, што самите ќе го утврдат во периодот од 06.00 до 23.00 часот;
  • Во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и тоа во период од 8 часа што самиот ќе го утврди и
  • На зелени пазари и на цветни пазари од 08:00 до 14:00 часот.

Останатите обврски, како што се пријавувањето на работа во недела и на празник, плаќањето на дневниците на работниците како и плаќањето на надоместокот во висина од 2% од вкупниот приход остварен во преходната година во неде­ла и на празници остануваат непроменети.