Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“  202/2023 се објави Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, кои измени ке се применуват од 28 септември до 30 ноември 2023 година.

Согласно Одлуката  се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во трговијата на мало, како и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните производи/стоки:

  1. ОРИЗ БЕЛ, ВО ПАКУВАЊЕ ОД  900 g до 1кг;
  2. Брашно пченично тип 400 и тип 500;
  3. Бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
  4. Други пекарски производи;
  5. Бисквити „ Petit Beurre “ и бисквити обични и посни од 300 до 500g;
  6. Наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500g;
  7. Тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500g;
  8. Јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
  9. Свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
  10. Мелено месо свинско и јунешко;
  11. Пиле свежо или замрзнато (цело);
  12. Пилешки стек свеж или замрзнат;
  13. Чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
  14. Пилешка посебна салама (без слајс пакување);
  15. Паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100g;
  16. Трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1L;
  17. Јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 1 и 1,5 L;
  18. Кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 g;
  19. Павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200g;
  20. Традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
  21. Традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и
  22. СВЕЖИ ЈАЈЦА ОД КОКШКА.
  23. СВЕЖО ОВОШЈЕ И
  24. СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК.

Согласно измената:

  • Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13), 14), 15), 16), 17), 18), 19), 20) и 21) согласно  Одлуката, се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
  • Највисоките цени на ОРИЗ БЕЛ, ВО ПАКУВАЊЕ ОД  900 g до 1кд; и СВЕЖИ ЈАЈЦА ОД КОКШКА,  согласно  Одлуката се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 септември 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
  • Намалувањето на цените за СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК НЕ ВАЖИ.

Остануваат одредбите каде се наведува дека:

  • Трговците за вршење дејност производство и дејност трговија на големо, за производите/стоките од член 1 од оваа одлука одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење дејност трговија на мало, во висина до 5%.
  • Трговците за вршење дејност трговија на мало про-изводите/стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за економија.
  • Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска производите/стоките од членот 1 од оваа одлука, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година.