Во “Службен весник на РС Македонија” 234/2022 година,  се објави ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на мало на следните производи:
– Огревно дрво од даб;
– Огревно дрво од бука и
– Пелети за огрев.
Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдуваат во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3).

Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27,00 денари за килограм.
Цените на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. се со вклучен ДДВ и транспорт.
Оваа одлука влегува во сила од 04.11.2022 година, а  ќе се применува до 31.12.2022 година.
Со донесување на оваа одлука престанува да важи Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на РСМ” бр.179/22), со која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки,  огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев, која се утврдува во висина најмногу до 10%  за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало.