Согласно Објавата на Министерството за труд и социјална политика објавена во („Службен весник на РС Македонија“.58/2023), врз основа на членот 4 став (5) од Законот за минимална плата во РСМакедонија („Службен весник на Република Македонија”  11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17 , 140/18 , 124/19, 239/19 и 41/22), висината на Минималната плата почнувајќи од  Март/2023 година до Февруари/2024 година ќе изнесува :

20.175,00 денари во НЕТО износ, односно.

29.739,00 ДЕНАРИ  во БРУТО износ .

Работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од  29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец МАРТ.. Согласно Законот за работните односи  платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година.

Примери за пресметка на минимална плата за 2023 година во нето и бруто износ