НОВАTA НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ – НКД РЕВ.2.1 ОД 01.01.2025 година ЌЕ СЕ КОРИСТИ ПРИ ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2024 ГОДИНА

Во “Службен весник на РСМ”  35/2024 се објави Одлуката со која се пропиша нова Национална класификација на дејностите – НКД Рев.2.1 со примена од 1 јануари 2025 година

Со оваа одлука се донесува Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1, со стандардни шифри и називи на дејностите групирани на ниво на сектори, оддели, групи, класи и поткласи. Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1 е заснована на статистичката класификација на економските активности на Европската Унија. Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1 е дадена во прилог и е составен дел на оваа одлука.

Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1 е основа за евидентирање, прибирање, обработка, анализа, публикување и прикажување на податоците за насочување на општествениот и економскиот развој и неговите структурни промени.

Во Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1, дејностите се групираат на следните нивоа според наведените ознаки:

  • Сектор – се означува со ДВЕ букви (латинично/кирилично писмо);
  • Оддел – се означува со ДВОЦИВРЕНА шифра;
  • Група – се означува со ТРИЦИФРЕНА шифра;
  • Класа – се означува со ЧЕТИРИЦВРЕНА  шифра;
  • Поткласа – се означува со ПЕТЦИФРЕНА шифра.

Секое наредно ниво на Националната класификација на дејностите-НКД Рев.2.1, се агрегира во претходното, освен највисокото ниво-сектор. 

Описите на секторите, одделите, групите, класите и поткласите на Националната класификација на дејностите НКД Рев.2.1, како и коресподентните табели, се подготвуваат и публикуваат од страна на Државниот завод за статистика.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за донесување на Националната класификација на дејностите-НКД Рев.2 (“Службен весник на РМ” 147/08 и 4/13).