Во Службен весник на РС Македонија, 51/2022 година, се донесе нова Одлука за посебни услови за за трговијата на одделни стоки која стапува на сила на 9 март/2022 година.
Со оваа одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки:
- леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња);
- сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
- брашно од пченица– тип 400;
- шеќер бел конзумен;
- трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
- свежо месо;
- сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив;
- сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо;
- урда кравја;
- македонски ориз бел;
- јајца од кокошка и
- шпагети и макарони од мека и дурум пченица.
За претходно споменатите производи највисоката трговска маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува:
- во трговијата на големо во вкупен износ до 4% на продажната цена пресметана во трговијата на големо,
- во вкупен износ до 3% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.
Производителите кои ги произведуваат претходно наведените стоки се опфатени во трговскиот ланец на трговијата на големо.
Во продажната цена на трговијата на големо и трговијата на мало се вклучени сите производствени и оперативни трошоци кои јасно ќе бидат искажани при формирањето на продажната цена за стоките наведени претходно.
Во трговијата на мало по набавна цена, без трговска (профитна) маржа ќе се продаваат следниве трговски стоки:
- леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња);
- сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
- брашно од пченица– тип 400.
Одлуката ќе се применува до 31 мај 2022 година.