Владата на вчерашната седница донесе одлука со која се ограничува движењето во перидот од 22.00 – 05.00 часот наредниот ден од 10 – 22 март 2021 година.
По исклучок комапаниите кои работат во смени ќе може да издадат дозвола за движење на своите вработени.

Дозволата за движењето на работникот во услови на воведен ограничено движење час ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. Производствените капацитети и другите компании кои работат во ноќна смена во времетраење на ограниченото движење, потребно е образецот да го внесат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Работодавачите кои имаат работници во ноќна смена и за тоа се регистрирани, должни се да го известат Државниот инспекторат за труд, во услови на работа за време на полицискиот час, Министерството за внатрешни работи и да ја испратат дозволата на  info_zpvrsm@gs.gov.mk .