Во Службен весник на РСМ 108/2020 се објави измената и дополнувањето на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во Јавниот сектор кои измени стапија во сила од 24.04.2020 година.

Согласно измената и дополнувањето на Уредбата, на вработените во Јавниот сектор на кои им се исплатува плата согласно Закон и Колективен договор, за време на вонредната сосотојба за месец Април и Мај 2020 година може да им се исплаќаат следните Додатоци и Надоместоци на плата:

– Право на додаток за работен стаж,
– Додаток за ноќна работа,
– Надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда,
– Надоместок на плата поради користење на годишен одмор,
– Надоместок на плата за ден на државен празник и неработен ден утврден со закон,
– Одвоен живот од семејството (освен за пратениците),
– Надоместок на трошок за смрт на работникот или член на неговото семејство,
– Отпремнина при заминување во пензија.

Одредбите од оваа уредба со законска сила не се однесуваат на:

– Медицинскиот и Помошно-технички персонал во Јавните здравствени установи,
– Вработените во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана,
– Затворска полиција,
– Високо образовните установи и Јавните научни установи,
– Инспекторите вработени во Државниот санитарен и Здравствен инспекторат,
– Државниот пазарен инспекторат,
– Државниот инспекторат за труд,
– Државниоит инспекторат за транспорт,
– Агенцијата за лекови и ,медицински средства и
– Агенцијата за храна и ветеринарство и кабинетските службеници.

ПРИЛОГ: Уредба