Врз основа на член 30 став 1 алинеја 1 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09,105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13,97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 Jуни 2022 година, донесе:

О Д Л У К А

ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
(135/22, 137/22, 206/22, 217/22, 283/22, 91/23)

Член 1

Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи:

  • леб бел (сечен на парчиња или цел);
  • шеќер бел;
  • сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
  • брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
  • макарони и шпагети од тврда пченица;
  • македонски ориз бел;
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% ,
  • јајца од кокошка,
  • урда,
  • кравјо бело сирење и мешано бело сирење,
  • кашкавал,
  • кисело млеко и павлака и
  • јогурт.

Највисоката трговска маржа за стоките од став 1 али-неите 1, 2 и 3 на овој член, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиотланец се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трго-вијата на мало.

Највисоката трговска маржа за стоките од став 1 али-неите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13. на овој член за сите трг-овски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговс-киот ланец ланец се утврдува во висина до 10% во тр-говијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Производителите кои ги произведуваат стоките од ста-вот 1 на овој член се опфатени во трговскиот ланец на трговиј-ата на големо.

Член 2

За стоките од член 1 став 1 од оваа одлука не се пре-сметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и на-доместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на го-лемо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции) и за количински рабат за набавка.

Заради усогласување со ставот 1 на овој член, се скл-учуваат анекси кон склучените годишни договори за про-дажба во трговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало), или се склучуваат нови договори.

Член 3

Највисоката трговска маржа на стоките од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 ЈУНИ 2023 година.

Член 4

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.