Член 1

Со оваа одлука се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон кои ги увезуваат производите и ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи и на зелените пазари, да прибавуваат и/или да прод-аваат свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, пор токали, мандарини и лимони.

Член 2

Трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови овошје и зеленчук, да прибавуваат и да продаваат најмалку 70% од овошјето и зеленчукот од членот 1 од оваа одлука, од количините што редовно се прибавувале и продавале во март 2023 година.

Трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, кои го увезуваат овошјето и зеленчукот од членот 1 од оваа одлука и гo продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи и на зелените пазари, имаат обврска најмалку 70% од увезените количини на овошје и зеленчук да ги стават во промет на домашниот пазар.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 МАЈ 2023 година.