Во Службен весник на РС Македонија 78/2022 од  29.03.2022 година, се објави измена и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена од  29 март 2022 година. 

Согласно измените на Одлуката олабавувањето на рестриктивните мерки се однесуваваат на следните новини:

  • При посетување на настава во основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство, може да не се носи личната заштита на лицето, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски. 
  • Се забранува организирање и одржување настани од областа на културата (театри, кина, филхармонија и други), како и други настани од секаков вид (семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично), во затворениот дел и на отворениот дел на објектите, над 75(до измените  над 50 %) исполнетост на капацитетот на просторот, каде се одржуваат истите, со задолжително носење на заштитни маски, 
  • Се укина обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, 
  • Се укина мерката за задолжително поседување сертификат/потврда (за извршена имунизација (вакцинација), односно примени две дози на вакцина против COVID-19 или сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично).

За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност. 

  • Се забранува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, без поседување и приложување на еден од следните документи: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 или  сертификат/потврда за прележан COVID19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. 
  • Се препорачува да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус COVID-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.