Согласно измената на Законот за работните односи објавена во  („Службен весник на РС Македонија” 151/2021 ), која стапува во сила од 14.07.2021 година,  членот 104 кој се однесува за прекин на Договорот за работа поради возраст на работникот се менува и гласи:,

Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога РАБОТНИКОТ КЕ НАПОЛНИ 64 ГОДИНИ ВОЗРАСТ И 15 ГОДИНИ ПЕНЗИСКИ СТАЖ, доколку со друг закон поиунаку не е уредено.

Согласно  измената на членот 104  се укина досегашната можност за продолжување на договорот за вработување со поднесување на ПИСМЕНА ИЗЈАВА од страна на работникот.

За поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година се применуваат одредбите од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” 62/2005… 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” 110/19 и 267/20). Продолжениот договор за вработување важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30 јуни 2022 година.