Во Службен весник на РСМ бр. 178/2020 година се објави Одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија со која СЕ ПОНИШТУВА Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба објавена во (“Службен весник на РСМ” бр.94/2020).
Одлуката произведува правно дејство од 6 јули 2020 година.
Согласно Уредба со законска сила, Владата предвиде ограничување на правото на исплата на парични паушали и парични надоместоци заклучно со месец декември 2020 година, на лицата кои се опфатени со уредбата, кои се истовремено вработени или приматели на пензија, а кои вршат одредена јавна функција во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институции коишто вршат дејности од областа на културата, образованието, детската, социјалната, здравствената заштита, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Северна Македонија или единиците на локална самоуправа, независните регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, како и јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенции, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Северна Македонија или единиците на локалната самоуправа.

Повеќе види Одлука