Согласно последната објава на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (Службен весник на Република Северна Македонија бр 150/22), продавниците на бензиски станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун и продавници, киосци и штандови во трговски центри (молови) кои ги исполнуваат минимално техничките услови, за да можат да работат во ден недела и на празници, треба до 5 јануари во тековната година да го пријават работното време на Централниот регистер на РСМакедонија (ЦРРСМ).

Потврдата од пријавеното работно време издадена од ЦРРСМ за евиденција се доставува до Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

Продавниците на бензиски станици и продавниците, киосците и штандови во трговски центри (молови) откако ќе го пријават работното време за работа во ден недела и на празници треба до 15 јануари во тековната година, да уплатат надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година.

Средствата од уплатата се наменети во Фонд за развој и човечки капитал.

Одредбата за надоместок во висина од 2% ќе важи од 1 јануари 2023 година, а ќе се пресметува на вкупниот приход остварен во ден недела и на празници во 2022 година.

 Под празници кои се определуваат за неработни денови на празнување се оние опфатени во членот 2 од Законот за празниците на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр. 21/98 и 18/07).

За државни празници се сметаат:

  • 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј”-Ден на сесловенските просветители;
  • 2 Август, Ден на Републиката; -8 Септември, Ден на независноста;
  • 11 Октомври, Ден на народното востание;
  • 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и
  • 8 Декември, “Св. Климент Охридски”

За празници се сметаат:

  • 1 Јануари, Нова година;
  • Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар;
  • Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 Мај, Ден на трудот и
  • Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

За работа во ден недела и на празници, трговците на мало опфатени во став 5 на член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (Службен весник на РС Македонија бр 295/21), се должни да го пријават работното време на Централниот регистар на РСМакедонија најмалку 15 дена пред почетокот на работењето, односно пред измената на часот на почетокот и часот на завршувањето на работното време, времето за пауза и распоредот на работното време.

Продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун и

Трговските центри (молови) кои ги исполнуваат минимално техничките услови, работното време за работа во ден недела и на празници треба да се пријави на Централниот регистер на Република Северна Македонија до 5 јануари во тековната година.

Потврдата од Централен регистер се доставува за евиденција во Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

Tрговија на големо не смее во целост да се врши во ден недела и на празници.

Уплатата на надоместокот треба да се изврши до 15 јануари 2023 година на образец (ПП50) и секоја наредна година последователно на вкупниот приход остварен во претходната година.

ВИДИ ОБРАЗЕЦ