Сoгласно член 12 од Законот за данокот на добивка – ЗДД (Службен весник на РСМ 112/14…275/19), непризнаен расход и помалку искажан приход за даночни цели е позитивната разлика меѓу цената на извршената деловна или финансиска трансакција меѓу поврзани лица (трансферната цена) и пазарната цена и тоа:

1) Износот на позитивната разлика помеѓу расход-ите кои произлегуваат од трансакцијата по трансферната цена и расходите кои произлегуваат од таа трансакција по цена утврдена во согласност со принципот на „дофат на рака“ (arm’s length principle) или

2) Износот на позитивната разлика помеѓу прихо-дите кои произлегуваат од трансакцијата по цена утвр-дена во согласност со принципот на „дофат на рака“ и приходите кои произлегуваат од таа трансакција по трансферната цена.

Принципот „дофат на рака“ подразбира дека деловните и финансиски трансакции помеѓу поврзаните лица се вршат по цени и според услови во кои тие тра-нсакции не се разликуваат од оние помеѓу неповрзани лица во споредливи околности.

Принципот „дофат на рака“ се однесува на сите трансакции помеѓу поврзани лица, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на: материјален и нематеријален имот, деловни и финансиски услуги, внатрегрупациски услуги, надоместоци за авторски права, акции, деривати, други хартии од вредност, други фи-нансиски инструменти и какви било други трансакции што можат да влијаат врз добивката или загубата на поврзаните лица.

При утврдување на цената на трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“ се користат следниве методи:

1) метод на споредлива неконтролирана цена;

 2) метод на препродажна цена;

3) метод на цена на чинење;

4) метод на трансакциска нето маржа;

5) метод на поделба на добивка;

6) кој било друг метод доколку примената на претходно наведените методи не е соодветна.

За секоја категорија трансакции, односно група трансакции од ист вид, обврзникот го избира најсо-одветниот метод за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот на „дофат на рака“.

Согласно член 12-а од Законот, Обврзникот е до-лжен за трансакциите од членот 12 од ЗДД да приложи извештај до Управата за јавни приходи, најдоцна до 30 септември во тековната година за претходната година.

Обврзникот поднесува извештај во скратена форма ако вкупната вредност на трансакциите со поврзаните лица во текот на годината НЕ надминува 10.000.000 денари.

Одредбите од членовите 12 и 12-а од ЗДД, не се однесуваат на:

  • Трансакциите помеѓу поврзани лица резиденти на РСМ, како и
  • Обврзниците кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ до 300.000.000 денари (член 12-б од ЗДД).