Трговците согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, (“Службен весник на РСМ” 215/2021), се должни:

  • да вршат наплата на биоразградливите кеси за носење на стоки со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, по цена од 15 денари по парче, и
  • да достават евиденција за бројот на продадени кеси за носење од  продажно место на Образецот  ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА БРОЈОТ НА ПРОДАДЕНИ КЕСИ НА ПРОДАЖНО МЕСТО  пропишан во Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пушање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на Образецот за водење на евиденцијата (“Службен весник на РСМ” 265/21, 112/23), за IV квартал од 2023 година а се однесува за периодот OKTОМВРИ – ДЕКЕМВРИ/2023 година,  заедно со НАЛОГОТ од уплатениот надоместок од продажба на кесите.

УПЛАТА НА НАДОМЕСТОК ЗА ПРОДАДЕНИ КЕСИ

Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари ПО ПАРЧЕ од продажба на кесите.

Надоместокот кој трговецот треба да го уплати а е ДДВ обврзник треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање изнесува 12,7 денари,  без вредноста на ДДВ од 2,3 денари што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Трговците кои не се ДДВ обврзници се должни да го уплатат целиот надомест од 15 денари по парче во корист на Министерството за животна средина и просторно планирање.

ПОДАТОЦИ ЗА СМЕТКАТА:

Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока

Назив на примачот – Буџет на РСМ

Банка на примачот – Народна банка на РСМ

Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095

Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110

Приходна шифра и програма – 718159 26

ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ И КОПИЈА ОД УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ НАДОМЕСТОЦИ

Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци се праќаат по пошта или да се достават лично до Архивата на Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање на адреса:

Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад, Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје

ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА ПРОДАДЕНИ БИОРАЗГРАДЛИВИ КЕСИ