Во Службен весник на РСМакедонија 85/2021 година се објавијаа:
– Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците ФЕВРУАРИ и МАРТ/ 2021 година и
– Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците ФЕВРУАРИ и МАРТ / 2021 година.
Законите влегоа во сила на 19 АПРИЛ/2021 година.
НАПОМЕНА: Подзаконските акти ќе се донесат во рок од десет дена од денот на влегувањето во сила на Законите .
