Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека на веб страницата на УЈП, е поставен нов унифициран образец Барање за издавање на одобрение за користење на факсимил ОБРАЗЕЦ Б-ФА.

Согласно член 18  од Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, 65/99, „Службен весник на РСМ“,111/19 и 143/22), вo случај на периодичен или континуиран промет, за кој се предвидени последователни плаќања, време на настанување на даночниот долг е денот на кој е издадена фактура за соодветниот период или, доколку е порано, денот во кој е добиено плаќање за соодветниот период, може како момент на прометот да се наведе календарскиот месец во кој бил извршен прометот или било примено плаќањето.

Податоците во врска со количината и описот, можат да бидат содржани во други документи кои се наведуваат на јасен начин во фактурата.

Во врска со податоците за количина и опис на прометот, можат да се користат кратенки, букви, бројки или симболи, доколку нивното значење е очигледно утврдено во фактурата или другите документи.

Другите документи мора да постојат како кај издавачот, така и кај примателот на фактурата.

Доколку даночниот обврзник издава фактури исти по вид кон голем број на приматели на истите, даночната управа може на негово барање да му одобри, наместо печат и потпис да се служи со факсимил на печатот и потписот.

Обврзникот е должен да уплати административни такси во износ од 300 денари (односно 50 денари за барањето и 250 денари за одобрението).

Административната такса може да ја платите на уплатница налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„.

По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

ВО ПРИЛОГ ВИ ГО ПРЕЗЕНТИРАМЕ ОБРАЗЕЦ Б-ФА