Согласно измената на Законот за ДДВ  се пропишува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на законот до 30 ЈУНИ/2022 година.

Во периодот од 1 ЈУЛИ/ 2022 до 30 ЈУНИ/ 2023 година на прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе се применува даночна стапка од 10%.

Од 1 ЈУЛИ/ 2023 година прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата повторно би се оданочувал со ДДВ стапка од 18%.

Ве известуваме дека подетално ќе се осврнеме на законските измени на Законот за ДДВ во Утринскиот брифинг во понеделник (19.07.2021 година) и во наредните изданија на Деловни информации.