Согласно член 266-а став 6 од Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 215/21) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата (Службен весник на Република Македонија 42/11 и 49/12), Народната банка на Република Северна Македонија, донесе О Б Ј А В А според која:
- Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 1 јануари 2023 година до 30 јуни 2023 година, изнесува 4,75%.
ВИСИНА НА ЗАКОНСКА КАЗНЕНА КАМАТА
Согласно член 266-а од Законот за облигациони односи (Службен весник на Република Македонија 18/01…123/13), законската казнена камата се утврдува кога референтната стапка што ја објавува Народна банка на Република Македонија на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, ќе се зголеми за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (за граѓани).
ПРЕГЛЕД НА ВИСИНА НА СТАПКА НА КАЗНЕНА КАМАТА
за период од 01.01.2023 до 30.06.2023 година
Период | Референтна каматна стапка | Казнена камата правно и правно | Казнена камата правно и физичко | Објава на НБРМ |
01.01.- 30.06 2023 | 4,75% | 14,75% | 12,75% | 42045/1 22.12.2022 |
КАЗНЕНА КАМАТА КОГА ОБВРСКАТА Е ИЗРАЗЕНА ВО СТРАНСКА ВАЛУТА (СТАПКА НА ЕУРИБОР)
Стапката на Еурибор за периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година, изнесува 1,884 %.
Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, казнената камата се определува за секое полугодие во висина на едно-месечната стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (за граѓани).
ПРЕГЛЕД НА ВИСИНА НА
СТАПКА НА ЕУРИБОР
за
период од 01.01.2023 до 30.06.2023 година
Период | Стапка на EURIBOR | Правно и правно | Правно и физичко |
01.01.- 30.06 2023 | 1,884% | 11,884% | 9,884% |