Почитувани,
Ве известуваме за измената на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, кои измени стапуваат на сила од 09.11.2023 година со важност до 31.12.2023 година.
Член 1
Во Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/23), членот 1 се менува и гласи:
„Со измената на членот 1 од Одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:
НАЈВИСОКИ ЦЕНИ со важност до 30.11.2023 | НАЈВИСОКИ ЦЕНИ согласно измената со важност до 31.12.2023 |
1) Светло пиво во пакување од 0,33L во лименка, 0,5L во стаклено шише и 1,5L во пластично шише и лагер пиво | 1) Светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; |
.2) Газирани и негазиранио пијалоци (сокови), со исклучок на енергетски пијалоци и | 2) Газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише; |
3) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода | 3) Негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и |
4) Минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. |
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
Член 3
Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за производите од член 1 од оваа одлука согласно висината на процентот од членот 2 од оваа одлука.
Член 4
Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 ДЕКЕМВРИ 2023 година.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила од 9 ОКТОМВРИ 2023 година.