Член 1
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени
во трговијата на мало нa следните производи:
– свежи домати,
– свежи краставици,
– кромид,
– свежи зелени пиперки,
– грав,
– леќа,
– банани,
– портокали,
– мандарини и
– лимони.
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина:
– до 95 денари за килограм свежи домати,
– до 95 денари за килограм свежи краставици,
– до 70 денари за килограм кромид,
– до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
– до 95 денари за килограм грав,
– до 110 денари за килограм леќа,
– до 75 денари за килограм банани,
– до 60 денари за килограм портокали,
– до 65 денари за килограм мандарини и
– до 60 денари за килограм лимони.
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука, во трговијата на мало, утврдени во ставот 1 на овој член ќе се применуваат и на ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија, а ке се применува до 31 MAJ/2023 година.“