Во Службен весник на РСМ 52 од 09.03.2023 година, објавени се следниве одлуки во врска со ограничувања во трговија на мало, односно ослободувања при увоз:
1) Одлуки за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало – ќе се применуваат од 16 март 2023 година
Со првата одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало се опфатени тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети).
Највисоките цени на споменатите производи од првата одлука се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 15%. Оваа одлука ќе се применува до 31 мај 2023 година.
Со втората одлука за определување на највисоките цени во трговијата на мало се опфатени следните производи:
– трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– урда;
– кравјо бело сирење и мешано бело сирење;
– кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
– кисело млеко;
– павлака и
– јогурт, без додатоци.
Највисоките цени на наведените производи од втората одлука се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 10%.
Највисоките цени на наведените производи ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.
2) Одлука за укинување на увозните давачки – царинските давачки за увоз на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени – ќе се применува од 13 март 2023 година
Со оваа се пропишува мерка за укинување на увозните давачки – царинските давачки при увоз на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени и тоа:
Тарифна ознака | Наименувание |
1902 1902 19 1902 19 10 00 1902 19 90 00 | Тестенини, варени или неварени или полнети (со месо или со други материи) или поинаку приготвени, како што се шпагети, макарони, резанки, лазањи, њоки, равиоли, канелони, кускус, приготвен или неприготвен – Тестенини, неварени, неполнети или поинаку приготвени — Други — Што не содржат обично пченично брашно или гриз — Други |
Тарифна ознака | Наименувание |
1902 1902 19 1902 19 10 00 1902 19 90 00 | Тестенини, варени или неварени или полнети (со месо или со други материи) или поинаку приготвени, како што се шпагети, макарони, резанки, лазањи, њоки, равиоли, канелони, кускус, приготвен или неприготвен – Тестенини, неварени, неполнети или поинаку приготвени — Други — Што не содржат обично пченично брашно или гриз — Други |