Со Законот за извршување на Буџетот на РСМ за  2022 година, објавен во Службен весник на РСМ,  287/2021 година, се определуваат начинот и условите за извршување на буџетот за тековната фискална година, кои ќе се применуваат во 2022 година.

Согласно новиот Закон за извршување на буџетот за 2022 година,  предвидени се следниве надоместоци на трошоци на вработени:

  • На избраните и именувани функционери кај буџетските корисници и единките корисници од денот на нивното именување заклучно со денот на нивното разрешување им следува надоместок на трошоци за ОДВОЕН ЖИВИТ од семејството во висина од 30% од просечната месечна нето плата исплатена во РСМ во претходните 3 месеци,
  • На лицата на кои им следува право на користење на службен стан согласно со закон, доколку истиот не може да им биде обезбеден, имаат право на надоместок за ЗАКУПНИНА ЗА СТАН. Висината на надоместок за закупнина на  стан ја определува Владата на РСМ,
    • надоместокот за селидбени трошоци, на лица на кои им следува право на користење на службен стан, се исплатува во висина на вистинските трошоци за превоз на покуќнина,
    • во случај на непрекинато боледување подолго од шест месеци на вработениот му се исплатува еднократна парична помош во висина од една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен,
  • Дневница за службено патување во земјата и тоа:
    • 700,00 ден. ако службеното патување траело повеќе од 2 часа и
    • 350,00 ден. ако службеното патување траело од 8 до 12 часа.
  • Дневницата за службено патување во земјата за вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција изнесува:
    • 2.000 ден., ако службеното патување траело повеќе од 12 часа и
    • 1.000 ден., ако службеното патување траело од 8 до 12 часа,
  • Во случај на заминување на работникот во пензија му се исплатува двократен износ за отпремнина пресметан врз основа на просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата,
  • Во случај на смрт на вработениот, на неговото семејство му припаѓа парична помош и тоа во износ од двократен износ на просечната месечна нето-плата по работник во Републиката објавена до денот на исплата,
  • Во случај на смрт на член на потесното семејство на вработениот (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување), му припаѓа парична помош во износ од една просечна месечна нето-плата по работник во Републиката објавена до денот на исплата.