Почитувани,

                  Во „Службен весник на РСМ“ 303/21 се објави Правилник за формата и содржината на Барањето на согласност за признавање на расход од работењето на обврзникот во даночен биланс („Образец ДЛД-БС“),  кој го поднесуваат самостојните вршители на дејност и трговци-поединци.

Согласно член 24 став 3 од Законот за данок на личен доход (Службен весник на РСМ бр. 241/18..85/21) преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат можат да се амортизираат во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување потребна е издадена согласност од Управата за јавни приходи, по поднесено писмено БАРАЊЕ најдоцна до 31 јануари во годината која следува по годината за која барањето се поднесува

Образецот ќе се поднесува електронски преку e-pdd.ujp.gov.mk 

Oбразец ДЛД-БС